ПОЛИЦИЈАТА КАЗНУВА И ЗА ОПАСНИ ПРЕТЕКУВАЊА Изречени се 841 санкција за брзо возење, паркирање и користење мобилен телефон

Според статистичките податоци, најчестите прекршоци остануваат возењето со поголема брзина од дозволената (135 случаи) и непрописното паркирање (212 случаи).

1,271

Во текот на вчерашниот ден полицијата регистрираше вкупно 841 сообраќаен прекршок низ државата, во рамки на засилените контроли спроведени од сите сектори за внатрешни работи, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според статистичките податоци, најчестите прекршоци остануваат возењето со поголема брзина од дозволената (135 случаи) и непрописното паркирање (212 случаи). Покрај тоа, санкционирани се и 68 возачи без возачка дозвола, 60 за некористење сигурносен појас, како и 48 за користење мобилен телефон при возење.






Она што е особено загрижувачко е рекордниот број прекршоци поврзани со неправилно престигнување – дури 106, што е највисока бројка од почетокот на годинава, нагласуваат од МВР.

Дополнително, биле откриени осум возачи под дејство на алкохол, тројца кои поминале на црвено светло, како и осум прекршоци на пешаци. Од сообраќај се исклучени осум технички неисправни возила и 24 нерегистрирани возила.

МВР продолжува со засилените контроли и апелира до сите учесници во сообраќајот за строго почитување на сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Поврзани содржини