ЛИКОВИ НА КАЛАС, БЕТОВЕН, ДА ВИНЧИ… Европската централна банка воведува нови банкноти на еврото со познати личности

314

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) избра мотиви за две можни теми за идните банкноти на еврото – „Европска култура: Заеднички културни простори“, која ги истакнува заедничките културни простори и познатите Европејци и „Реки и птици: различноста значи издржливост “, со што се истакнува на издржливоста и различноста во природата на оваа европска институција, а оваа година ќе биде објавен конкурс за дизајн на кој ќе можат да се пријават дизајнери од цела ЕУ.

– Воодушевени сме што можеме да претставиме мотиви од реалниот живот кои ја покажуваат нашата посветеност на Европа и го славиме нејзиното културно наследство и природната средина. Новите банкноти ќе го симболизираат нашиот заеднички европски идентитет и различноста што нè прави посилни – рече претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.






Темата „Европска култура“ ги слави заедничките културни простори кои го обликувале европскиот идентитет низ вековите. Мотивите за оваа тема прикажуваат различни културни активности и простори, како и познати европски личности кои придонеле за создавање на европското културно наследство во текот на шест века.

Во потесниот избор за предната и задната страна на банкнотите се: 5 евра Марија Калас и улични изведувачи, 10 евра Лудвиг ван Бетовен и фестивал на кој пее детски и младински хор, 20 евра Марија Кири и професорка која ги учи нејзините ученици, 50 евра Мигел Де Сервантес и возрасните, момче и девојче во библиотека, 100 евра Леонардо да Винчи и возрасни и деца гледаат уметност и 200 евра Берта фон Затнер и плоштад со дрвја.

Поврзани содржини