ПОЧИНАТО ЛИЦЕ НАЈДЕНО ВО ФИРМА НА БУЛЕВАРОТ СРБИЈА Немало траги на насилство, телото е дадено на обдукција
Екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и за настанот бил известен трудов инспектор.
Од Итната медицинска помош вп СВР Скопје вчера во 12:30 часот било пријавено дека во фирма на бул.Србија бил пронајден починат Д.С.(23) од Скопје. Како што информираат од МВР, екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и за настанот бил известен трудов инспектор.
Како што посочуваат, по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.