ПО НОВИТЕ КАМИОНИ, НАБАВЕНИ И 3.300 КОНТЕЈНЕРИ, ДВОЈНО ПОЕВТИНО ОД ДОСЕГА Услови за Скопје да стане чист и уреден град

Во изминатите 12 години биле набавени околу 1.300 контејнери, што е недоволно за потребите на цело Скопје, објави скопскиот градоначалник Орце  Ѓорѓиевски.

3

Потпишан е договорот за набавка на 3.300 нови контејнери, најголемата набавка од ваков тип во изминатите години, со која темелно ќе го унапредиме системот за собирање отпад во главниот град, објави скопскиот градоначалник Орце  Ѓорѓиевски.

Новите контејнери значат почисти населби, помалку отпад на улиците, навремено празнење и подобри услови за работа на екипите на ЈП „Комунална хигиена“, додде тој.






„Само за споредба, во изминатите 12 години биле набавени околу 1.300 контејнери – бројка недоволна за потребите на цело Скопје. Последиците од таквата негрижа сите ги гледавме – преполни и оштетени контејнери, отпад околу нив и нарушена слика на градот. Но, ние ја менуваме таа реалност“, потенцира Ѓорѓиевски.

Она што е важно да се нагласи, додаде тој, е дека контејнерите што претходно се набавувале од моите претходници биле по цена од повеќе од 18.000 денари по парче, а ние денес ги набавуваме за 9.600 денари – речиси двојно поевтино, и тоа во услови на глобално зголемени цени.

„Ова е доказ дека кога се работи чесно, домаќински и одговорно, може да се направи многу повеќе со парите на граѓаните. По новите возила за ЈП „Комунална хигиена“, пристигнуваат и 3.300 нови контејнери.
Чекор по чекор, создаваме функционален систем и ставаме крај на хаосот со отпадот. Го слушаме гласот на граѓаните, ги решаваме наталожените проблеми и ја менуваме сликата што ни беше оставена. Времето на негрижа завршува. Време е за чисто, уредно и достоинствено Скопје“, објави на Фејсбук скопскот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини