Welcome 21 век, збогум камено време

Подолг временски период многумина професионалци кои се залагаат да ја внесат Македонија во 21 век и кои имаат искрена визија и реално научни докажани фактори за напредок на целата цивилизација во наредниот период од минимум сто и педесет години се цел на напади на личности кои се претставуваат дека се заштитници на животната средина. Или на кратко еколози, активисти.

0

Дали сакаме рудници, центри за податоци, хидроцентрали, комплетна индустријализација и зачувување на животната средина?

Одговорот е секогаш, ДА.






Но.

За ова што сега го пишувам и ќе продолжам во наредниот период до крајот на 2027 година доказите се повеќе од разочарувачки. Ова е на ниво не само на фондови обезбедени од луцидните екологисти политичари на ЕУ, туку и на компании кои во периодот од 2011 до 2018 силно финансираат активисти, поточно ги обучуваат. Обучените пак се личности кои немаат никакво ниво на образование да можат стручно да возвратат зошто не би смеело да се употреби било каква технолошка операција базирана на хемиска наука во развој на рудници и комплетна индустријализација, туку напротив идат на класично сатанизирање на образовниот систем, со сериозна уцена кон политичките одлучувачки фактори и сатанизација на било кој професионалец.

Подолг временски период многумина професионалци кои се залагаат да ја внесат Македонија во 21 век и кои имаат искрена визија и реално научни докажани фактори за напредок на целата цивилизација во наредниот период од минимум сто и педесет години се цел на напади на личности кои се претставуваат дека се заштитници на животната средина. Или на кратко еколози, активисти.

За жал Македонија не препозна на време дека станува збор за сериозни манипулатори кои освен сопствените лукративни финансиски желби и потреби кои сакаат да ги задоволат, ја мразат оваа наша држава и дека има сериозни не само индиции и тивки озборувања, туку насоки кои идат само во еден правец.

А тој е следниов – „Ја продавам Македонија со попуст од деведесет проценти“. На прашањата. Зошто? Која е причината?

Одговорот е многу едноставен. Сите екологисти саможивнички ќе одговорат на следниов начин. Приказната за нарцисоидното однесување започнува од мене најголемиот наследник на Нарцис. Или народски „После мене потоп“.

Оваа приказна инаку ги има поминато границите на Македонија и ние не сме единствените заложници на оваа нарцисоидна лицемерна и луцидна политика. Таа е широко распространета. И нејзината патека не завршува само во ниво на активизам од искреност туку кој ќе го контролира развојот на општествените индустриски идни случувања.

За да бидам прецизен и секако одговорен како граѓанин на државата која ја гледам во 21 век, а не во каменото време кога се радувале на случаен дожд или на оган.

Едно е да учиш за минатото како збиднување, а друго е да учиш од минатото и како да направиш баланс помеѓу потребите на граѓаните и новите општествени текови, од една страна и потребите на останатиот биосвет од друга страна.

Сепак луцидноста на соодветни активисти кои самоиницијативно се нарекуваат еколози, со образование се филолози, книжевници, глумци итн., кај нормалните политичари на светско ниво, едноставно не врви.

Еве како една личност политичар која била носител на сериозни функции каде се барала храброст за спротивставување на овие активисти и која донела благодет во сопствената држава која ја нарекуваат економско чудо благодарејќи на индустријализацијата, ќе се изјасни:

„Гостувам секогаш и сегде, не одбивам разговор, ниту пак тв дуели…. било тоа да се за индустриска Европа или пак активисти екологисти. Во јавниот живот се вклучив повторно во оној момент кога видов што ѝ се спрема и се прави на штета на нашата држава, не само преку огромните количини финансиски средства преку НВО (невладините организации) и пробата за уништување на државата, туку и преку враќањето во каменото време, со личности кои се најлошиот човечки кадар кое нашето општество некогаш го имало, набедени професори и интелектуалци од еколошка необразована елита која не постои, онаа која одобрува уништување на нашата држава, сѐ со само една цел да се затвори и изолира нашата држава“.

А јас кој со внимание ги следам сите стручни образовни анализи токму на оваа личност, само ќе додадам:

Овие личности кои манипулираат со чувствата на граѓаните и кои се обидуваат да ја измамат јавноста, да во економската несреќа бараат да добијат политички поени, а најстрашно од сѐ е што сакаат да ни го земат правото на движење, учење, работа и право на живот само затоа што поинаку мислиме.

Затоа Вие кои не смеете да ставите ниту име ниту презиме на било кој текст, џабе ви се сите навреди кон сите професионалци, и кои повикувате и посакувате, првенствено физички и интелектуално, да нѐ нема, имам само една порака:

Џабе ви е, со нас кои сакаме во 21 век нема преговори кога иднината на земјата е во прашање и секогаш само со аргументи ќе ве победуваме.

Како овој за загадувањето на Скопје со анализа на колега металург. Краток детал од целокупниот извештај:

„Овој извештај е изработен со цел критички да се проверат податоците и тврдењата содржани во доставениот материјал за загадувањето на воздухот во Скопје. Посебно внимание е посветено на изворите на PM2.5 и PM10, домашното греење, сообраќајот, градежната прашина и индустриските извори.

Скопското загадување е повеќеизворен проблем. Во официјално претставениот проект на UNDP за Скопје, како главни извори се наведуваат греењето, индустријата, транспортот, градежништвото и отпадот. UNDP наведува удели од 32%, 20%, 19%, 12% и 7%, соодветно.

Поточно.

Затоа, сериозниот заклучок не е дека еден извор е единствениот виновник, туку дека мерките мора да се насочат кон повеќе извори истовремено, со мерења и моделирање што ќе овозможат нивниот реален придонес да се разграничи.

Во доставениот материјал е наведена распределба од: греење 32–40%, индустрија 20%, транспорт 19%, градежништво 12% и отпад 7%. Најсигурно потврдливата верзија е онаа што ја објавува UNDP: греење 32%, индустрија 20%, транспорт 19%, градежништво 12% и отпад 7%.

П.С. Пред аргументите и боговите молчат.

 

Поврзани содржини