СО ТРОТИНЕТ УДРИЛА ВО ВЕЛОСИПЕД И ИЗБЕГАЛА Скопјанка со тешки повреди заврши на Клиника, полицијата ја бара другата жена

Во несреќата учествувале велосипед управуван од 46-годишна скопјанка и електричен тротинет. Жената што го управувала тротинетот го напуштила местото.

20

46-годишна скопјанка е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булеварот „Трета Македонска бригада“ во Скопје.

Несреќата се случила во утринските часови, а во неа учествувале велосипед управуван од Л.Н. (46) од Скопје и електричен тротинет со кој управувала жена.






По судирот, жената што го возела тротинетот го напуштила местото на несреќата.

Л.Н. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата и презема мерки за утврдување на околностите и за пронаоѓање на жената која управувала со електричниот тротинет.

Поврзани содржини