ПЛАЧКОТО ЕРОЛД МУСЛИУ ЛИ НАШОЛ ДА ЗБОРУВА ЗА ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ?! Неговата сопруга лапна грант од 620.000 евра со негoва помош, обвини ВМРО-ДПМНЕ

„Со такво портфолио, сменетиот директиор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, може да се кандидира единствено за лидер на СДС, наместо да рони солзи за неговото разрешување“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

2,263

Безобразно и некоректно е Еролд Муслиу да говори за професионализам и мерит систем. Човекот од Агенцијата за разузнавање направи партиски штаб на СДС, организирајќи хајки, напади и пресметувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ, тврди партијата.

„Агенцијата за разузнавање, предводена од Еролд, се пресметуваше со новинари, медиуми и личности кои го критикуваа криминалот на СДС и ДУИ. Муслиу со такво портфолио може да се кандидира единствено за лидер на СДС наместо да рони солзи за неговото разрешување“, се вели во партискотио соопштение.






А за неговото работење, се додава во коминикето, „доволно говори податокот дека додека Муслиу е директор, неговата сопруга со помош на владата доаѓа до грант од 620.000 евра. Во која НАТО земја сопруга на директор на служба добива 620.000 евра грант за работа која е дејност на службата на сопругот?“

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова донела одлука со која се разрешува досегашниот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, кој на оваа позиција е втор мандат. На негово место е назначена Габриела Јаковлева, која доаѓа од редовите на Агенцијата. Има смена и на позицијата заменик директор, каде доаѓа Ивана Стојановска, а разрешена е досегашната заменичка Александра Бакреска Додовска.

– Очигледно е дека претседателката попушти пред партиските притисоци – реагира досегашниот директор на Агенцијата за разузнавање.

Муслиу вели дека нема да навлегува во политичката логика и автономија при носењето на ваквата одлука од страна на шефицата на државата, но, како што пишува во реакцијата, во случајот со неговото разрешување отсуствуваат законската оправданост и мерит-системот, за кој, како што вели, Сиљановска Давкова постојано зборувала во јавноста.

На ова ВМРО-ДПМНЕ возвраќа жестоко:

„Тешка манипулација е неговата одбрана со етничката припадност и дека тоа е можната причина за смена. Тоа е завесата позади која тој ја крие неговата неспособност, злоупотребите и партиската пристрасност“.

 

Поврзани содржини