ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИЛ ВО ТРАКТОР КАЈ РАДОВИШ Две жени завршија со потешки повреди, а еден маж со телесни

Ноќната сообраќајна несреќа кај Радовиш заврши со две тешко повредени жени, а полицискиот увид покажал дека возачот на автомобилот имал 1,17 промили алкохол во крвта.

38

Две жени се здобиле со тешки повреди, а уште едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на патот меѓу селата Калуѓерица и Подареш, во радовишко. Полицијата утврдила дека возачот на автомобилот управувал под дејство на алкохол.

Несреќата била пријавена околу 2:40 часот во ОВР Радовиш. Според информациите од МВР, се судриле патничко возило „Фолксваген Голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Т. (51) од селото Ораовица, и трактор со приколка, кој го управувал Г.М. (56) од селото Подареш.






Во судирот тешко се повредени сопатничките во тракторот, Ф.И. (39) и А.И. (41), двете од Радовиш, додека Ѓ.И. (70) од Радовиш се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

Полицискиот увид покажал дека возачот на автомобилот М.Т. управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,17 промили алкохол во крвта.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини