🎥 ПАДНА И ЧАЦИЛЕНД ВО БЕЛГРАД Од март 2023 година беше собиралиште на симпатизерите на Српската напредна партија

Симпатизерите на Српската напредна партија претходно беа евакуирани.

0

Неколку стотици граѓани кои ја славеа победата на Студентската листа влегоа во шаторската населба на поддржувачи на Српската напредна партија во Пионирскиот парк во центарот на Белград кратко по 22 часот вечерва.

Собраните граѓани ја отстранија оградата кон Домот на Народното собрание и влегоа во ограничената зона, по што почнаа да ги кинат шаторите и да кршат столови. Ги демонтираа шаторите и слоганите што беа во  Пионирскиот парк.






Жандармеријата во полна опрема за разбивање на демонстрациите е лоцирана во близина на Чациленд, но не реагира на собраните граѓани.

Симпатизерите на Српската напредна партија претходно беа евакуирани.

Шаторската населба се наоѓаше таму од март 2025 година.

Чациленд (или Ћациленд) е колоквијален назив за импровизираниот шаторски камп во Пионирскиот парк во Белград, Србија, поставен пред зградата на Народното собрание.

Поврзани содржини