ТИНЕЈЏЕР ПРОНАШОЛ И ВРАТИЛ ПАРИЧНИК СО ОКОЛУ 4.000 ЕВРА Пример за чесност и граѓанска одговорност во Делчево

Ваквите постапки заслужуваат јавно признание и претставуваат поттик за негување на општествените вредности, меѓусебната доверба и одговорно однесување во заедницата - потенцираат од МВР.

0

Пример за чесност и граѓанска одговорност – млад делчевец пронашол лични документи и поголема сума пари и ги предал во полиција, пишува во денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 14 часот, во Полициската станица – Делчево, 18-годишен жител на градот предал пронајдени лични документи и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра. Имено, младиот делчевец на булеварот „Македонија“ во градот пронашол патна исправа и лична карта на лице од Делчево, како и наведените парични средства, по што совесно постапил и истите ги предал во полициската станица – информираа од МВР.






Министерството за внатрешни работи ја поздравува оваа постапка, која, како што нагласува, претставува позитивен пример за чесност, совесност и високо развиена граѓанска одговорност, особено кај младите.

– Ваквите постапки заслужуваат јавно признание и претставуваат поттик за негување на општествените вредности, меѓусебната доверба и одговорно однесување во заедницата – потенцираа од МВР.

Поврзани содржини