НЕМА ДА ЗАБОРАВИМЕ ДЕКА ВЛАСТА НЕ Е ПРИВИЛЕГИЈА,ТУКУ ОДГОВОРНОСТ Студентите му се заблагодарија на српскиот народ за поддршката

Студентите ги повикаа граѓаните мирно и достоинствено да ја прослават победата, без конфликти и насилство.

15

Студентската листа „Студентите победуваат“ прогласи победа на вонредните парламентарни избори во Србија. Според прелиминарните проценки на CeSID и Ipsos, студентската листа освои околу 52% од гласовите и би можела да добие 138 претставнички мандати, што би обезбедило независно мнозинство во парламентот. Голема прослава започна во студентскиот изборен штаб, а претставниците на листата испратија порака до граѓаните за почетокот на ново поглавје за Србија.

-Драга Србија, вечерва се слуша гласот на народот, вечерва се слуша гласот на слободата. Вечерва граѓаните на Србија покажаа дека ниедна пречка не е поголема од нивната волја, дека ниеден страв не е посилен од нивната храброст и дека ниедна сила не може засекогаш да го надвладее народот кој одлучил да ја земе својата судбина во свои раце – рече  Радомир Саичиќ, кандидат за пратеник на Студентската листа.






Според проекциите на CeSID и Ipsos врз основа на 56 проценти од обработениот примерок, студентската листа освои приближно 138 мандати, додека листата на Александар Вучиќ треба да освои околу 104 мандати.

Ова се прелиминарни проценки, а не конечни официјални резултати од Републиканската изборна комисија.

Саичиќ ги повикаа граѓаните мирно и достоинствено да ја прослават победата, без конфликти и насилство.

-Ги покануваме граѓаните мирно да ја прослават победата, достоинствено и гордост, да не наседнуваат на провокации, да не влегуваат во конфликти и да не дозволат ничиј обид да предизвика тензии да го засени она што го постигнавме заедно.Нека нашиот одговор на секоја провокација биде достоинство, на секоја навреда мир, а на секој обид да нè подели уште посилна солидарност – рече Саичиќ.

Тој нагласи дека не сакаат прославата да се претвори во насилство.

-Не се боревме со месеци вечерва за да го изгубиме она што нè правеше посилни цело време: вербата во правдата, солидарноста и ненасилството. Вечерва славиме на начинот на кој Србија најдобро знае: со песна, танц, прегратки и солзи радосници. Славиме заедно затоа што оваа победа е споделена. Славиме без омраза бидејќи слободата што ја сакаме мора да биде слобода за сите – рече Саичиќ.

Во својот победнички говор, тој нагласи дека студентска листа го гледа резултатот од изборите како почеток на големи промени во Србија.

-А утре? Утре започнува работата. Сериозната, одговорна и тешка работа за градење на Србија каде што законот важи подеднакво за сите, каде што вистината не се казнува, каде што знаењето се почитува, каде што младите ја гледаат својата иднина и каде што никој човек не мора да се плаши затоа што мисли поинаку.Не ветуваме дека сè ќе биде лесно. Ветуваме дека нема да заборавиме зошто почнавме. Нема да ги заборавиме луѓето што ни веруваа. Нема да ги заборавиме вредностите за кои се боревме. Нема да заборавиме дека власта не е привилегија, туку одговорност кон народот – рече Саичиќ.

Тој додаде дека победата не им припаѓа само студентите, туку на сите граѓани кои ги поддржаа.

-Затоа што Србија не е само земја на мапа. Србија е нејзиниот народ, нивната надеж, нивната борба и нивното право да живеат со достоинство. Вечерва покажавме дека промените не само што се можни, туку дека постои волја за нив. Сега мора да покажеме дека сме достојни за довербата што ја добивме – рече Саичиќ.

Студентите, нагласи Саичиќ, сакаат да изградат општество во кое политичките разлики нема да бидат причина за поделба.

Нека оваа вечер биде почеток на ново поглавје. Поглавје во кое нема да бидеме поделени на победници и губитници, туку заедно ќе изградиме земја каде што секој има право на глас, на вистината и на иднината -рече тој.

Поврзани содржини