СПС НА ИВИЦА ДАЧИЌ НЕ ГО ПОМИНА ИЗБОРНИОТ ПРАГ Ќе биде вонпарламентарна опозиција

Доколку резултатот од 2,3 отсто биде потврден, тоа ќе значи дека поддршката за социјалистите во однос на 2023 година паднала за 4,25 процентни поени, а во однос на 2022 година за дури 9,14 процентни поени.Доколку резултатот од 2,3 отсто биде потврден, тоа ќе значи дека поддршката за социјалистите во однос на 2023 година паднала за 4,25 процентни поени, а во однос на 2022 година за дури 9,14 процентни поени.

160

Социјалистичката партија на Србија (СПС), според досегашните информации, на вонредните парламентарни избори освоила само 2,3 отсто од гласовите, што е под изборниот праг од три отсто. Тоа значи дека социјалистите првпат од 1990 година, односно од воведувањето на повеќепартискиот систем, нема да бидат парламентарна партија и нема да имаат пратеници во Собранието на Србија.

Доколку резултатот од 2,3 отсто биде потврден, тоа ќе значи дека поддршката за социјалистите во однос на 2023 година паднала за 4,25 процентни поени, а во однос на 2022 година за дури 9,14 процентни поени.






Освоените 2,3 отсто од гласовите убедливо се најслабиот резултат на СПС на сите досегашни парламентарни избори.

Падот на поддршката доаѓа во период кога партијата ја напуштија голем број луѓе, што го отвора прашањето колку внатрешното осипување и губењето долгогодишни членови и поддржувачи влијаеле врз изборниот резултат.

Да потсетиме, на парламентарните избори во 2023 година СПС освои 6,55 отсто од гласовите и 18 пратенички мандати, додека во 2022 година имаше 11,44 отсто од гласовите и 31 мандат.

На денешните вонредни парламентарни избори во Србија победи Студентската листа, која освои најмногу пратенички мандати. Во Собранието на Србија влегува и листата „Обединета Србија“, како и партиите на националните малцинства.

Според првичните проекции, листата „Студентска листа – Студентите победуваат“ освоила 52 отсто од гласовите и 138 мандати, додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ освоила 39,3 отсто од гласовите, односно 104 мандати.

Поврзани содржини