🎥 ПАДНА И ЌАЦИЛЕНД ВО БЕЛГРАД Од март 2023 година беше собиралиште на симпатизерите на Српската напредна партија

Симпатизерите на Српската напредна партија претходно беа евакуирани.

114

Неколку стотици граѓани кои ја славеа победата на Студентската листа влегоа во шаторската населба на поддржувачи на Српската напредна партија во Пионирскиот парк во центарот на Белград кратко по 22 часот вечерва.

Собраните граѓани ја отстранија оградата кон Домот на Народното собрание и влегоа во ограничената зона, по што почнаа да ги кинат шаторите и да кршат столови. Ги демонтираа шаторите и слоганите што беа во  Пионирскиот парк.






Жандармеријата во полна опрема за разбивање на демонстрациите е лоцирана во близина на Ќациленд, но не реагира на собраните граѓани.

Симпатизерите на Српската напредна партија претходно беа евакуирани.

Шаторската населба се наоѓаше таму од март 2025 година.

Ќациленд (или Ћациленд) е колоквијален назив за импровизираниот шаторски камп во Пионирскиот парк во Белград, Србија, поставен пред зградата на Народното собрание.

Поврзани содржини