🎥 „ОВА Е ОДВРАТНО!“ Свршеникот на Селена Гомез ги згрози сите со невообичаената рутина во текот на капењето

Музичарот и продуцент Бени Бланко (37), свршеникот на пејачката и актерка Селена Гомез (32), згрози многу свои следбеници со невообичаената навика што ја има во текот на капењето.

650

Музичарот и продуцент Бени Бланко (37), свршеникот на пејачката и актерка Селена Гомез (32), згрози многу свои следбеници со невообичаената навика што ја има во текот на капењето.

Додека минатата година Бланко стана вирална сензација кога призна дека не се тушира секој ден.
„Не верувам ниту во тоа дека секогаш треба да се користи шампон или регенератор. Навистина сум чист, но не се туширам секој ден“, изјави тој во тогашното интервју за „Пипл“. „Познавам луѓе кои се тушираат два до три пати на ден“, рекол тој и додал дека смета дека на кожата ѝ треба време да се регенерира.






Бланко тогаш предизвика дебата, па некои обожаватели дури побараа од Селена да го „напушти“ поради неговите „одвратни“ хигиенски навики.

Сега Бланко повторно е во центарот на вниманието. Овој пат тој открил како изгледа неговото капење кога конечно ќе реши да се истушира.

 

@itsbennyblancoforeal♬ How Does It Feel To Be Forgotten – Selena Gomez & benny blanco


Имено тој објавил кратко видео на ТикТок со песната „How Does It Feel to Be Forgotten“, која ја сними со Гомез. На видеото може да се види када на чиишто рабови се ставени храна и шише вотка. Познатиот продуцент на кадата ставил пржено пилешко, макарони со сирење, тестенини и бурито, коешто најмногу ги згрозило неговите следбеници бидејќи не било ставено на чинија, туку директно на кадата.

„Ова е одвратно, не можеш да јадеш додека се капеш“, „Ја замислувам таа храна натопена во вода и не ми е добро“, „Почна да ни се допаѓаш. Зошто ни отежнуваш сега?“, „Ми се повраќа кога го гледам тоа бурито во ќошот“, „Сè што имам во главата е – бактерии“, беа некои од коментарите под неговата објава.

Потсетуваме, Бланко и Гомез ја објавија свршувачката во декември, една година откако јавно ја потврдија врската.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)


Инаку Бланко е реномиран продуцент кој соработувал со музичари како Ед Ширан, бендот БТС, Еминем, Џастин Бибер, Халси, Кејти Пери, Кристина Агилера, Кеша, Бритни Спирс, Ријана, Сиа, Д Викенд, Канје Вест, Чарли Пут и други.

Кога била прашана за нивната врска во интервју за „Холивуд репортер“ во ноември 2024 година, Гомез рекла: „Никогаш не сум се чувствувала посигурна во врска и со него ја гледам својата иднина“.

Поврзани содржини