📽️ „ЌЕ СЕ ПОМОЧАВ ОД ТРЕМА“ Ноа Кахан настапи во спомен на починатите телевизиски ѕвезди, а потоа искрено призна колку бил нервозен
Ноа Кахан откри дека од нервоза за малку ќе се помочал пред настапот на „Еми“, каде што емотивно ја изведе „Bridge Over Troubled Water“.
Ноа Кахан имаше една од најемотивните точки на годинашните „Еми“, но зад неговиот мирен настап се криела огромна трема. Пејачот ја изведе „Bridge Over Troubled Water“ од „Simon & Garfunkel“ во сегментот „In Memoriam“, посветен на познатите личности од телевизијата кои починаа во изминатата година.
По настапот, Кахан на социјалните мрежи откри како се чувствувал пред да излезе на сцената.
– Бев почестен што вечерва пеев во спомен на толку многу легенди. Исто така, за малку ќе се помочав од нервоза – напиша тој.
Honored to have sang tonight to the memory of so many legends. Also I almost pissed my pants cuz I was nervous
— Noah Kahan (@NoahKahan) September 15, 2026
Песната била негов личен избор. Извршниот продуцент Џеси Колинс открил дека Кахан самиот ја предложил токму оваа композиција, бидејќи Пол Сајмон е еден од неговите омилени музичари.
За 29-годишниот Кахан ова беше голем момент, особено затоа што настапуваше пред целата телевизиска индустрија во еден од најемотивните сегменти на вечерта. Во текот на неговата изведба на екранот се појавуваа имињата и фотографиите на личности кои починаа во изминатиот период, меѓу кои Џејмс Ван Дер Бик, Роберт Дувал, Тим Кари, Дајан Лад, Хајден Панетиер.
Кахан во последните години стана едно од позвучните имиња на американската музичка сцена, а неговата кариера дополнително се прошири со албумот „The Great Divide“ и големата турнеја. Познат е и по самоироничниот хумор, па неговото признание за тремата не ги изненади неговите обожаватели.