Откажана оперската претстава „Кармен“ што беше најавена за 13 март

332

Национална опера и балет соопшти дека ја откажува оперската претстава „Кармен“, закажана на 13 март, согласно препораката на Владата да се продолжи со ограничување на јавните собири и настани.

За продолжување на редовниот репертоар од НУ Национална опера и балет дополнително ќе информираат.






Владата на седницата одржана завчера излезе со препорака до 13 март да се ограничат јавните настани со гости од странство, да нема поголеми јавни собири, а спортските натпревари да се играат одржуваат без публика како дел од превентивните мерки против корона вирусот.

Поврзани содржини