ОТКАЗ ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ШТО ЌЕ ОДБИЈАТ ВАКЦИНА За нив тоа е прашање на живот или смрт
Командантите, мајорите, наредниците, првите наредници и офицерите, кои одбиваат да се вакцинираат, а притоа не поднесат одобрение за ослободување, може да се соочат со суспензија или отпуштање од воената служба доколку дефинитивно одбијат имунизација.
Откако Агецнијата за храна и лекови на САД целосно ги одобри вакцините Фајзер и Бионтех во август, американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, нареди сите активни членови на службата да бидат вакцинирани.
Војската соопшти дека започнала со примена на наредбата кон крајот на август, велејќи дека војниците можат да побараат ослободување по легитимна медицинска, верска или административна основа, објави Ројтерс.
Меѓутоа, командантите, мајорите, наредниците, првите наредници и офицерите, кои одбиваат да се вакцинираат, а притоа не поднесат одобрение за ослободување, може да се соочат со суспензија или отпуштање од воената служба ако дефинитивно одбијат имунизација, се вели во соопштението на Пентагон.
– Ова буквално e прашање на живот и смрт за нашите војници, нивните семејства и заедниците во кои живееме – рече секретарот за здравство во Министерството за одбрана на САД, Рејмонд Скот Дингл.