ОСУМДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА СКОПЈАНЕЦОТ КОЈ ОПОЖАРИ ВОЗИЛА НА БУГАРСКАТА АМБАСАДА Судот ја прифати мерката предлжена од обвинителството

Скопјанецот И.ДС.(44) кој опожари две возила на бугарската амбасада во Скопје доби осумдневен притвор. Тој во полиција го признал делото.

1

Опожарувачот на возилата на бугарската амбасада во Скопје доби осумдневен притвор. Основниот кривичен суд ја прифати мерката предложената од надлежниот обвинител за 44-годишниот скопјанец.

Претходно, обвинителството објави дека отворило истражна постапка за скопјанецот кој е осомничен дека предизвикал општа опасност, дело од член 288 од Кривичниот законик.






Скопската полиција утринава објави дека е поднесена и кривична пријава против И.Д.С.(44) и дека случајот е расчистен. Тој го признал делото.

Македонската Влада најостро го осуди „вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус“ во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Инцидентот го осуди и Министерството за надворешни работи на Бугарија, со зборовите „резултат на агресивен политички говор и поттикнување омраза, упатувајќи критики за недоволен институционален одговор во претходни случаи“.

Според соопштението од ОЈО Скопје, осомничениот на 15 јуни излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише.

Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот.

Поврзани содржини