ОРБАН ГО ВРАЌА ПРАТЕНИЧКИОТ МАНДАТ Ќе работи на работи на реорганизација на Фидес
Орбан информира дека пратеничката група ќе биде формирана во понеделник, а дека ќе ја предводи Гергељ Гуљаш, висок функционер на Фидес и поранешен шеф на кабинетот на Орбан.
Унгарскиот премиер на заминување Виктор Орбан денеска објави дека ќе го врати својот пратенички мандат, по 36 години поминати во парламентот, по поразот на парламентарните избори на 12 април.
Виктор Орбан во објава на социјалните мрежи објави дека го враќа мандатот што го освои на парламентарните избори како носител на листата на Фидес и КДНП.
– Мандатот што го освоив како лидер на листата Фидес-КДНП е всушност пратеничкиот мандат на Фидес. Затоа решив да го вратам, сега ни треба не во парламентот, туку во реорганизацијата на националната партија – објави Виктор Орбан.
Тој истакна дека пратеничката група ќе биде формирана во понеделник, а дека ќе ја предводи Гергељ Гуљаш, висок функционер на Фидес и поранешен шеф на кабинетот на Орбан.
Орбан, меѓу другото, објави дека партискиот конгрес, кој беше планиран за наесен, ќе биде поместен и ќе се одржи во јуни.
– Претседателството ми предлага да продолжам со работата како претседател на Фидес и, доколку Конгресот ми даде доверба, сум подготвен за таа задача – истакна Орбан.
Претседателот на Унгарија, Тамаш Шујок, ја свика конститутивната седница на новото свикување на Парламентот – Националното собрание за 9 мај.