УНГАРИЈА ИСТРАЖУВА МОЖНА КОРУПЦИЈА ОД 250 МИЛИОНИ ЕВРА Сомнително набавен софтвер за школите во времето на Орбан

Наодите покажаа недостиг на конкуренција, монополски систем, лош квалитет, како и неразумно високи цени - рече министерот за образование на прес-конференција.

0

Унгарската влада соопшти дека доставила извештај до полицијата за сомнителна злоупотреба на јавни средства за набавка на образовен софтвер за време на претходната влада на Виктор Орбан, пренесе Ројтерс.

Премиерот Петер Маѓар, кој го победи Орбан на априлските избори, вети решителна борба против корупцијата и формирање независно тело за истражување на наводните коруптивни практики за време на владеењето на Орбан.






Орбан негираше какво било незаконско работење.

Унгарскиот министер за наука и технологија Золтан Танач изјави дека неговото министерство ги разгледало договорите во областа на информатичката технологија склучени од 2019 година и изрази сомнежи за оправданоста на трошењето повеќе од 100 милијарди форинти (над 250 милиони евра) за образовен софтвер.

– Наодите покажаа недостиг на конкуренција, монополски системи… лош квалитет, како и институции кои беа изложени на таква ситуација и неразумно високи цени – рече Танач на прес-конференција.

Тој додаде дека државата ја направила употребата на тие софтверски системи задолжителна и дека училиштата и институциите тогаш немале избор.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во мај изјави дека ЕУ ќе деблокира 16,4 милијарди евра средства за Будимпешта, кои претходно беа задржани поради загриженост за корупција.

Поврзани содржини