ОМАН ОБЕЗБЕДИ ПРИВРЕМЕН МОРСКИ КОРИДОР НИЗ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Бродовите ќе можат да поминат без транзитни такси

Оман ги координирал своите активности со Меѓународната поморска организација за да обезбеди привремен поморски коридор за бродовите што сакаат да поминат низ Ормускиот Теснец.

135

Оман синоќа соопшти дека ги координирал своите активности со Меѓународната поморска организација (ММО) за да обезбеди привремен поморски коридор за бродовите што сакаат да поминат низ Ормускиот Теснец.

Бродовите што сакаат да го користат привремениот коридор ќе мора да се усогласат со ММО врз основа на координатите објавени од организацијата и властите на Оман.






Мерката има цел да гарантира слобода на пловидба низ мореузот во согласност со меѓународното и морското право, што ја штити слободата на пловидба без наметнување транзитни такси.

Поврзани содржини