ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА СЕ ВРАТИЈА НА НИВОАТА ОД ПРЕД КОНФЛИКТОТ Се зголемува бројот на танкери кои минуваат низ Ормускиот Проток

Нафтата Брент утрово  се продава за 76 долари за барел, додека пак цената на американската WTI нафта падна на  72 долари за барел.

181

Цените на нафтата утрово паднаа за околу 1% приближувајќи се до нивоата видени пред почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, бидејќи растечкиот број танкери го продолжија транзитот низ Ормускиот Проток, поради напредокот во мировните преговори меѓу САД и Иран.

Нафтата Брент утрово  се продава за 76 долари за барел, додека пак цената на американската WTI нафта падна на  72 долари за барел.






Меѓународната поморска организација соопшти дека добила безбедносни гаранции што би можеле да им овозможат на стотици бродови да го напуштат Персискиот Залив преку Ормуз, додека напорите за евакуација на илјадници морнари продолжуваат.

Меѓународната енергетска организација, исто така, објави дека извозот на нафта од ОАЕ на почетокот на јуни се зголемил на речиси 85% од нивоата пред конфликтот, поткрепен со употребата на цевководи, складишта и алтернативни транспортни правци.

На ова влијаеше и новото 60-дневно ослободување од американско ограничување што  им овозможува на глобалните купувачи, вклучително и американските рафинерии, да купуваат иранска сурова и рафинирани производи.

Во меѓувреме, Иран и Оман објавија почеток на дискусии за заедничка рамка за управување со транзитот во Ормуз, вклучително и структурите на такси, предизвикувајќи загриженост дека Техеран би можел да наметне такси за премин.

 

 

Поврзани содржини