🎥 ОД НУКЛЕАРНА ЗАКАНА ДО БАЛСКАТА САЛА Читач на усни ја анализира средбата Трамп-Кралот Чарлс

Читачот на усни го открива приватното предупредување на Трамп до Кралот Чарлс неколку моменти по неговото пристигнување, а кралот му одмавнува со раката велејќи: „Ќе разговараме за ова подоцна“

0

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и првата дама Меланија Трамп ги угостија кралот Чарлс III и кралицата Камила во Белата куќа.
Иако телевизиските камери не можеа да го забележат тонот на нивниот прв состанок, професионалната читачка на усни, Никола Хиклинг, открила за Дејли Меил некои прилично вознемирувачки детали од краткиот разговор.

Трамп предупредува за Путин: „Тој сака војна“

Според Хиклинг, американскиот претседател Трамп веднаш ги отворил тешките теми, споменувајќи ја пукотницата што се случи на вечерата со дописниците во Белата куќа во саботата, како и тензиите меѓу Русија и Украина.
– Оваа пукотница… – наводно рекол Трамп, на што кралот, видливо нерасположен за отворен разговор, одговорил: Подобро да не стојам тука предолго. Чувствувам дека не треба да бидам тука.

Трамп го прашал монархот дали е добро, додавајќи дека ситуацијата „не е добра работа“. Потоа нагло се префрлил на надворешната политика, тврдејќи дека е во директен контакт со Владимир Путин.

– Во моментов разговарам со Путин. Тој сака војна – предупредил Трамп, додавајќи: Имам чувство… ако го стори она што го кажа, ќе ги истреби сите.

Кралот Чарлс III се обидел да го прекине разговорот на оваа тема во два наврати, кратко одговарајќи: „Ќе разговараме за тоа подоцна“ и „Друг пат“.

Од нуклеарна закана до балска сала

По тешките политички теми, Трамп се обидел да го поправи расположението со тоа што ќе го одвлече вниманието кон реновирањето на Белата куќа.

Тој му покажал на кракот кон внатрешноста, зборувајќи за неговиот проект за нова балска сала.

– Можете да видите сè до таму, право до балската сала. Дали сакате да погледнете?, прашал Трамп, на што британскиот монарх малку се насмевнал и одговорил: „Сигурен сум дека ќе ни покажете“.

Потоа кралот побарал насоки за движење, а претседателот ги повел кон резиденцијата, велејќи: „Ајде да одиме оттука“.

Поврзани содржини