СТАЛОНЕ ПРИЗНАВА ДЕКА НЕГОВАТА ЌЕРКА ИМАЛА ПРЕДНОСТ ЗА УЛОГАТА ВО КРАЛОТ НА ТУЛСА „Секако дека е непотизам, идиоту!“

Силвестер Сталоне отворено призна дека ѝ помогнал на својата ќерка Скарлет Роуз да добие улога во серијата „Кралот на Тулса“. Актерот смета дека родителите треба да им ги дадат на децата сите можности што можат, но нагласува дека талентот е пресуден за понатамошниот успех.

40

Силвестер Сталоне (80) не се обидува да го негира непотизмот во Холивуд. Напротив, актерот отворено кажа дека неговата ќерка Скарлет Роуз Сталоне добила предност при изборот за улога во криминалистичката серија „Кралот на Тулса“, во која тој ја игра главната улога и е еден од продуцентите.

– Прво велат: Непотизмот е ужасен. Мојот одговор е: не си добар родител ако барем малку не си практикувал непотизам. Очигледно не ти е грижа за твоите деца, бидејќи тие се на прво место – изјави актерот во интервју за „Ју-Ес-Еј тудеј“.






Потоа уште подиректно порача: Секако дека е непотизам, идиоту! Затоа сме родители. Сакаме најдобро за нашите деца и им ја даваме секоја предност што можеме.

Скарлет (24), ќерката на Сталоне и неговата сопруга Џенифер Флавин, ја игра Спенсер во серијата. Нејзиниот лик првично се појавува како шанкерка што ја вработува ликот на Сталоне, Двајт Манфреди. Во четвртата сезона нејзината улога добива поголемо значење.

Сепак, актерот признава дека славното презиме може да ѝ ги отвори вратите на неговата ќерка, но не може да ѝ гарантира долгорочен успех. Според него, на крајот таа самата мора да покаже дека ја заслужува можноста што ја добила.

– Можат ли да го задржат тоа ниво на извонредност? Тоа веќе не е во наши раце. Но, ако можеш да им ја отвориш вратата, направи го тоа, а потоа ќе видиш дали се способни да поминат низ неа – објасни Сталоне.

Тој е свесен дека некои ќе сметаат оти неговата ќерка премногу лесно ја добила улогата.

– Во право сте. Можеби и е така. Но, да се задржиш и да бидеш пред милиони гледачи е нешто друго. Или го имаш тоа во себе или го немаш – заклучил актерот.

Поврзани содржини