ОБЈЕКТОТ НЕКОГАШ БИЛ МАГАЦИН ЗА ТЕПИСОНИ Лиценцата за кабаре му била до 24 март

Во времето кога градоначалник на Кочани бил Ратко Димитровски, објектот од државата не добил дозвола да биде дискотека. Но, подоцна добил, а менаџерите се фалеле дека „заслугите“ за тоа се на еден поранешен министер.

1,757

Дискотеката која се запали во големата трагедија во Кочани порано била магацин за теписон, дознава Плусинфо. Објектот работи речиси 14 години.

Во времето кога градоначалник на Кочани бил Ратко Димитровски, објектот од државата не добил дозвола да биде дискотека. Но, подоцна добил, а менаџерите се фалеле дека „заслугите“ за тоа се на еден поранешен министер.






Плуинсфо исто така дознава дека лиценцата за кабаре на објектот му била до 24 март.

Пожарот кој избувна во објектот веројатно е предизвикан од пиротехнички средства. На социјалните мрежи се појавија снимки од пламенот кој ја зафати плафонската конструкција над самите рефлектори на дискотеката среде концертот на познатата група ДНК.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е на самото место на настот, се очекува да даде повеќе информации на прес-конференција во 9 часот.

Поврзани содржини