ОБЈАВЕН СПИСОКОТ НА ЛИЦЕНЦИ ЗА ОДЗЕМАЊЕ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО И УРБАНИЗМОТ Меѓу нив се и 73 фирми кои градат мостови, патишта, централи…

Вкупно 479 градежни фирми, надзорни и проектантски фирми ќе ја изгубат лиценцата за работа.

8,252

Mинистерство за транспорт го објави списокот на носители на лиценци од градежното работење и  урбанистичко планирање за кои се води постапка за одземање на лиценците за работа.

На списокот се 479 лиценци кои се дел од обемна контрола на издадените лиценци почната на крајот на минатата седмица.






Од досегашните контроли на над 3100 лиценци се констатира следната состојба:

Кај 479 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради тоа се ќе се донесат решенија за одземање и тоа:

  • на 73 правни лица  лиценца А за изведувач на градби од прва категорија
  • на 228 правни лица  лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија,
  • на 9 правни лица  лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија,
  •  на 32 правни лица  лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија,
  • на 32 правни лица  лиценца А за проектирање на градби од прва категорија,
  • на 78 правни лица  лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија,
  • на 7 правни лица  лиценца  Б за ревизија на проектна документација на градби од втора категорија,
  • на 3 правни лица лиценца А ревизија на проектна документација на градби од прва категорија,
  • на 2 правни лица лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија,
  • на 2 правни лица лиценца управител на градба,
  • на 13 правни лица лиценца за изработка на урбанистички планови.

-Целокупниот список ќе биде доставен до Министерството за внатрешни  работи, до Јавното обвинителство, до ЗЕЛС и останати засегнати институции со цел за понатамошни постапки – велат од Министерството за транспорт и врски.

 

Поврзани содржини