НОВО АПСЕЊЕ ВО КОЧАНИ ПОВРЗАНО СО ТРАГЕДИЈАТА Приведени се последните тројца градоначалници

Од Јавното обвиннителство информираат дека во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во кочанската дискотека „Пулс”.

2,671

Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, сите поранешни градоначалници на Општина Кочани, се приведени попладнево.

Од Јавното обвиннителство информираат дека во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во кочанската дискотека „Пулс”.






„Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден“, наведено е во соопштението.

Папазов е градоначалник во оставка, кој се повлече од функцијата по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица.

Димитровски ја раководеше општината во период од 2009-2017 година, а негов наследник беше Илиев во период од 2017-2021 година.

Поврзани содржини