📽️ НИКА ПРЕВЦ ПОСТАВИ НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД ВО СКИЈАЧКИ СКОКОВИ Словенката леташе до 236 метри во Викерсунд

Деветнаесетгодишната Словенка дури двапати постави нов светски рекорд на денешниот тренинг. Таа го подобри претходниот рекорд на Норвежанката Силја Опсет од минатата година на истата скокалница за 5,5 метри.

84

Двократната светска шампионка Ника Превц од Словенија постави светски рекорд во скијачки скокови, прескокнувајќи денеска во норвешки Викерсунд 236 метри, што е за 45,5 метри подолго од нејзиниот личен рекорд.

Деветнаесетгодишната Словенка дури двапати постави нов светски рекорд на денешниот тренинг. Таа го подобри претходниот рекорд на Норвежанката Силја Опсет од минатата година на истата скокалница за 5,5 метри.






Превц претходно имаше личен рекорд од 190,5 м.

Светскиот рекорд во машка конкуренција е во сопственост на Австриецот Штефан Крафт кој во 2017 година прескокна 253,5 метри.

Поврзани содржини