НЕТАНЈАХУ САКА ДА ЗНАЕ ШТО ДОГОВАРААТ САД И ИРАН Бејрут нападнат од Тел Авив за првпат по примирјето

Според Си-ен-ен, Бенјамин Нетанјаху се обидува да дознае кои опции се на маса во американско-иранските преговори. Израел истовремено предупредува дека е против евентуално олеснување на санкциите кон Техеран. Во меѓувреме израелските сили го нападнаа Бејрут.

4

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху разговара со претставници на американската администрација за да има подобар увид во најновите случувања во преговорите помеѓу САД и Иран, јави Си-ен-ен повикувајќи се на неименувани извори.

Наводно Нетанјаху се обидува да дојде до најновите информации за текот на преговорите и кои опции се на маса.

Израел изразува загриженост поради евентуалните американски отстапки за постигнување на договор за завршување на војната. Исто така, Израел е против евентуално укинување на економските санкции кон Иран.

Претходно, началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал Ејал Замир денеска изјави дека доколку е потребно војската е подготвена да почне нова офанзива против Иран.

Тој истакна дека израелската армија во координација со САД, има список на цели подготвени за напад во Иран.

Израелската армија денеска изврши напади врз јужните предградија на главниот град на Либан, Бејрут. Тоа е прв напад врз Бејрут по неколку недели.

Нетанјаху вели дека тој и израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, ѝ наредиле на војската на земјата „сега во Бејрут да го нападне командантот на силите Радван во терористичката организација Хезболах со цел да го неутрализира“.

Во медиумите попладнево одекна и веста дека американските сили онеспособија ирански танкер во Оманскиот Залив.

Поврзани содржини