НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ПРЕСВРТ Ветер и врнежи, па постепено смирување
Претпладне со локален дожд и засилен северен ветер, попладне стабилизација и повеќе сончеви периоди.
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови, а потоа постепено разведрување, ваква е прогнозата за времето според Управа за хидрометеоролошки работи.
Во текот на денот ќе дува умерен, на моменти засилен ветер од северен правец, кој на одредени места ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од 0 степени во Берово до 5 степени во Гевгелија, додека дневните ќе бидат во интервал од 10 степени во Маврово до 20 степени во Гевгелија.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со слаб дожд во претпладневните часови. Подоцна облачноста ќе се намалува, а температурите ќе се движат од 4 до 19 степени, проследени со умерен до засилен северен ветер во делови од котлината.
Во наредните денови следува стабилизација на времето. Во понеделник се очекува претежно сончево време со мала облачност и температури до 25 степени, додека во вторник ќе биде сончево со умерена облачност и температури до 27 степени.