НЕСРЕЌА НА ГРАДИЛИШТЕ ВО СКОПЈЕ Работник почина од здобиените повреди

Работникот се здобил со тешки повреди при вршењето на работни задачи на објект во изградба на ул „Пиринска“ во Скопје.

505

Градежен работник ангажиран на објект во изградба во Скопје починал од здобиените тешки повреди при вршењето на работните задачи.

„На 17.11.2023 во 15.33 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Пиринска“ во Скопје, на објект во изградба, при вршење работни задачи, Т.М. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“  каде во 16.50 часот починал“ – информират од МВР.

Поврзани содржини