СО ВЕЛОСИПЕД ПАДНАЛА ВО ШАХТА Скопјанка заврши на Ургентно со тешки повреди

44-годишна жена од Скопје се здобила со тешки повреди откако паднала со велосипед во одводна шахта на улицата „Жан Жорес“, соопшти СВР Скопје.

53

44-годишната С.С. од Скопје се здобила со тешки телесни повреди откако паднала со велосипед во одводна шахта на улицата Жан Жорес.

Инцидентот се случил на 06.06.2026 година околу 21:00 часот, кога жената управувала велосипед и, според пријавеното, завршила во шахта на коловозот. По падот, таа била повредена и подоцна пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што на 07.06.2026 во 16:40 часот е пријавено дека е примена со тешки телесни повреди.






Повредите се констатирани од лекарски тим, а на местото на настанот увид извршила екипа на СВР Скопје, која работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини