НЕ СМЕЕ ДА И СЕ ПРИБЛИЖИ НА 200 МЕТРИ! Екс-претседателот казнет за злоставување на шпанската репрезентативка
Поранешниот претседател на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, кој по финалето на Светското првенство, насилно ја бакна шпанската фудбалерка Џени Хермосо во уста, прво беше суспендиран со одлука на ФИФА, а сега казна му изрече и шппанскиот суд.
Поранешниот претседател на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, нема да смее да и пријде на фудбалерката Џени Хермосо, која ја напаствуваше по финалето на неодамнешното Светско првенство. Тој насилно ја бакнал фудбалерката во уста и поради тоа прво беше суспендиран со одлука на Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА), а сега шпанскиот суд му изрече забрана да се доближува на поблиску од 200 метри од неа. Исто така, на рубиалес му е забрането да комуницира со неа.
Рубиалес се бранеше од обвинувањата за злоупотреба и критиките, тврдејќи дека ја бакнал фудбалерката во уста со взаемна согласност, но Хермосо го негираше тоа тврдење и рече дека по тој инцидент се чувствувала како жртва на агресија. Против него поднела и кривична пријава, а државните органи му поднеле пријава за сексуален напад и принуда, бидејќи наводно ја принудил фудбалерката да зборува во негова одбрана по избивањето на светскиот скандал.