НЕ СЕ ЧЕПКА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК, ТУКУ ДУИ ОДИ КОН БУНИШТЕТО НА ПОЛИТИЧКАТА ИСТОРИЈА Вреди му порачува на Блерим Беџети дека џабе ги врти тезите за бојкот на изборите

На 6 месеци пред почеток на кампањата, на Блерим Беџети не му одговара лузерската тема за бојкот на локалните избори, бидејќи не може до крај да ги реализира комбинациите со Данела Арсовска за профит, па ја модификува тезата, демек ДУИ била спремна за избори, ама тие немале да се одржат ако се чепнел албанскиот јазик, соопшти Вреди.

256

Новиот Артан Груби се обидува да ги демантира Али Ахмети и Бујар Османи, очигледно најавите за бојкот на локалните избори му ги загрозуваат шемите на Блерим Беџети со Данела Арсовска, соопшти коалицијата Вреди.

„Не случајно поранешниот заменик градоначалник на Скопје на говорницата во Советот изјави дека Данела Арсовска за Градот се служи со искуствата од Сарај. На 6 месеци пред почеток на кампањата, на Беџети не му одговара лузерската тема за бојкот на локалните избори, бидејќи не може до крај да ги реализира комбинациите за профит. Едноставно, никој не сака да биде во друштво со губитници. Затоа, Беџети ја модификува тезата, демек ДУИ била спремна за избори, ама тие немале да се одржат ако се чепнел албанскиот јазик“, соопшти Вреди.






Коалицијата Вреди упати три пораки до ДУИ.

„Прво, не се чепка во албанскиот јазик, туку се постапува и ќе се постапува за санкционирање на криминалот на вашите поранешни функционери. Второ, сценариото за политичка криза што го договарате со политичари што се на црна листа е поврзано исклучиво со вашиот патолошки страв од пораз на локалните избори. Трето, албанскиот народ не е наивен да дозволи едни обични лопови од ДУИ да го манипулираат со лажни приказни за наводна „деалбанизација“ и затоа следува жестока казна која ќе ве испрати на буништето на политичката историја“, соопшти владејачката коалиција.

Поврзани содржини