НА 16 И 17 ЈУНИ ДОАЃА НЕВРЕМЕ Температурите ќе растат, но се можни поројни дождови

И во делови од Скопскиот регион во Вторник и во Среда, 16 и 17 Јуни во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со град.

76

Под влијание на атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина во Вторник и во Среда, 16 и 17 Јуни во Македонија во попладневните часови ќе дојде до ново поголемо дестабилизирање на атмосферата и формирање на фронтални и нестабилни влажни бранови.

Ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои на повеќе места во Македонија очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.






Повеќе за метеопрогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини