НАМЕСТО ДОКУМЕНТИ, ЗАКАНИ И НАВРЕДИ Приведен прилепчанец бидејќи ги омаловажувал полицајците
Возач од Прилеп приведен откако при сообраќајна контрола ги навредувал и им се заканувал на полицајците, по документирање на случајот ќе следува пријава.
Полициски службеници во Прилеп ноќеска привеле лице кое, наместо да соработува при сообраќајна контрола, ги навредувало и им се заканувало.
Инцидентот се случил на 2 мај околу полноќ на булеварот Гоце Делчев, каде полицијата запрела патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки. Зад воланот бил Н.Н. од Прилеп.
Според информациите, за време на контролата возачот агресивно се однесувал, упатувајќи навреди и закани кон полициските службеници. Поради тоа, веднаш бил лишен од слобода.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.