НАД 14.000 ПОЖАРИ И СТОТИЦИ УАПСЕНИ Француските пожарникари со денови се на терен

Француските власти соопштија дека од почетокот на сезоната се регистрирани околу 14.000 пожари, а пожарникарите и натаму се борат со голем пожар во департманот Вар.

0

Франција од почетокот на сезоната на шумски пожари регистрирала околу 14.000 пожари, а безбедносните служби уапсиле повеќе од 400 лица поради сомневања за намерно предизвикување пожари или пожари предизвикани од невнимание, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.

Според телевизијата „BFMTV“, Нуњез информираше дека досега се уапсени 402 лица, од кои дел се осомничени за намерно предизвикување пожари, а дел за невнимание кое довело до избувнување на огнена стихија.






Меѓу уапсените има 156 малолетници, додека 36 лица се задржани во притвор.

Пожарите во департманите Жиронда и Од се ставени под контрола, но во департманот Вар пожарникарите и понатаму се борат со ширењето на огнот.

Министерот Нуњез изјави дека пожарот во Вар е „најдолгиот шумски пожар некогаш регистриран“ во тој департман, бидејќи активен е веќе 15 дена.

Во гаснењето учествуваат околу 1.250 пожарникари, со поддршка од два авиона „Канадер“ и два хеликоптери за гаснење пожари.

Во меѓувреме, предупредувањето за опасност од пожари во департманот Жиронда е намалено од највисокото, црвено ниво, на портокалово.

Поврзани содржини