Матичниот ќе ја издава терапијата за над шест месеци, стоматолозите само за итни случаи

За издавање на ортопедски помагала матичните лекари ќе ги заверуваат потврдите и нема потреба граѓаните да одат во подрачните единици на Фондот за здравство

996

Матичниот лекар  ќе ја продолжува и издава хроничната терапија и за период повеќе од шест месеци. Здравствените установи од специјалистичко-консултативната здравствена заштита и општа стоматологија ќе пружаат здравствени услуги само за итни случаи со оглед на методологијата,  техниката на работа и опасноста од ширење на болеста заради тоа што се работи со болести на устата, а издавањето на потврдите за ортопедските помагала и заверката ќе ја вршат матичните лекари – истакна вечерва министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференција во Владата.

Ова се одлуки на Фондот за здравствено осигурување,  а има новина и за ортопедските помагала.  .






– За издавање на ортопедски помагала матичните лекари ќе ги заверуваат потврдите и нема потреба граѓаните да одат во подрачните единици на Фондот за здравство – појасни Филипче.

 

Поврзани содржини