МАКЕДОНИЈА ПРВА ВО ЕВРОПА ПО РАСТОТ НА КУПОВНАТА МОЌ Прва и по растот на минималната плата

Според стандардите за куповна моќ најголем напредок во Европа бележат Македонија и Романија, објави Евростат, кај кои е абележан скок за 8 места. Според овој параметар Македонија е рангирана пред Малта, Словачка, Унгарија и Чешка.

2

Евростат ги објави најновите податоци за минималната плата во државите од Европската Унија и во земјите кандидати. Според стандардите за куповна моќ (PSS), најголем напредок бележат Македонија и Романија кај кои е забележан скок за 8 места, по што следи Србија која има напредок од 5 места.

Според овој параметар, Македонија е држава која е рангирана пред 7 земји членки на ЕУ – со 1.142 единици на куповна моќ се рангира пред Малта, Словачка, Унгарија и Чешка.






„Кога се споредуваат рангирањата во номинални услови и PSS низ 27-те земји, најголемите победници се Романија и Северна Македонија. Романија се искачи од 20. на 12. место, додека Северна Македонија се искачува од 24. на 16. место, при што обете напредуваат за 8 места. Србија напредува за 5 места, Хрватска и Бугарија за 3 места. Најголем губитник е Естонија, која паѓа од 16. на 26. место, додека Латвија, Чешка и Кипар исто така губат 4 места“, објави Евростат.

Од државите членки на ЕУ, според овој параметар, на прво место е Германија по што следуваат Луксембург, Холандија, Унгарија и Чешка.

Од јануари до јули 2026 година, Македонија забележала најголемо зголемување на минималната плата меѓу анализираните земји –  за 6,9 проценти. Следуваат Романија и Естонија со по 6,8 проценти, Белгија со 5,8 проценти, Грција со 4,5 проценти, Луксембург со 2,5 проценти, Франција со 2,4 проценти и Холандија со големување од 1,9 процент.

Исто така,  Македонија, Црна Гора и Србија, како држави кандидати за Европската Унија, имаат повисока бруто минимална плата од Бугарија, која е членка на ЕУ.

Податоците на Евростат покажуваат дека само 8 држави од 29 европски земји ја зголемиле бруто минималната плата од јануари наваму. На прво место е Луксембург каде бруто минималната плата изнесува 2.771 евро по што следуваат Ирска со 2.391 евро, Германија со 2.343 евра, Холандија со 2.338 евра и Белгија со 2.234 евра. Ова се 5  земји со минимална плата над 2.000 евра. Франција е блиску до таа група со 1.867 евра.

Од државите членки на ЕУ најниска бруто минимална плата има Бугарија – 620 евра, додека повисока од неа имаат некои држави кандидат како што се Македонија со 624 евра, Црна Гора со 670 евра и Србија со 743 евра минимална плата.

Во средната категорија, со плати помеѓу 1.000 и 2.000 евра: Словенија (1.482 евра), Шпанија (1.425 евра), Литванија (1.153 евра), Полска (1.119 евра), Хрватска (1.050 евра), Кипар (1.088 евра) и Грција и Португалија со по 1.073 евра.

Повеќе од половина од набљудуваните земји, 15 од нив, имаат бруто минимална плата помала од 1.000 евра. Најниската е во Украина (169 евра) и во Молдавија (313 евра). Во Турција е 621 евра, а во Црна Гора 670 евра.

Инфлацијата од јануари досега изнесувала 3,2 проценти

Кога минималните плати во Европа се споредуваат според стандардот на куповна моќ (PPS), разликите меѓу земјите стануваат помали отколку кога се гледаат само износите во евра. Овој индикатор ги зема предвид разликите во цените и трошоците за живот и покажува колку стоки и услуги може да се купат со дадена количина во секоја земја. PPS е вештачка единица што овозможува пофер споредба на трошоците за живот.

Поврзани содржини