МАКЕДОНИЈА ПОБЕДИ ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ „Рисовите“ смогнаа сили и триумфираа против Лихтештајн
Иако победата со 3:0 беше убедлива и со заслужени голови на Трајковски, Муслиу и Миовски, тимот не славеше како што тоа обично го прават. Во нивните лица не се гледаше вообичаената радост, туку тагата и почитта кон загинатите во трагедијата која ја потресе земјата.
Македонските фудбалери, и покрај големата трагедија која ја потресе Кочани, собраа сили да го одиграат натпреварот против Лихтенштајн во првото коло од квалификациите за Светското првенство 2026.
Иако победата со 3:0 беше убедлива и со заслужени голови на Трајковски, Муслиу и Миовски, тимот не славеше како што тоа обично го прават. Во нивните лица не се гледаше вообичаената радост, туку тагата и почитта кон загинатите во трагедијата која ја потресе земјата.
Мечот започна во офанзивен стил, а Македонија брзо ја презеде контролата на теренот. Во седмата минута, Александар Трајковски се најде на вистинското место во вистинско време, по асистенцијата на Миовски, и погоди за рано водство. До крајот на првиот дел, Македонија ја зголеми предноста на 2:0 благодарение на голот на Муслиу, кој со волеј удар од корнер ја затресе мрежата.

Во вториот дел, Македонија продолжи да доминира. На 84-та минута, Миовски потврди убедлива победа со вториот гол на натпреварот, постигнат по одлично центрирање од Илиевски. Со оваа победа, Македонија стартуваше со победа во квалификациите за Светското првенство, а со нетрпение очекуваме нови успеси во следните натпревари.

Сепак, за македонскиот тим, ова не беше само уште една победа. Тоа беше и знак на сила, на единство и почитување на загинатите, кои и покрај трагедијата останаа во срцата на сите играчи. Оваа победа беше многу повеќе од три бода.
Победата е голем поттик пред вториот квалификациски натпревар против Велс во Скопје. Претседателот на ФФМ Масер Омерагиќ најави дека парите собрани од влезниците од овој натпревар ќе бидат донирани за семејствата на настраданите, како и на повредените за нивно побрзо закрепнување.