МАЈКАТА И ТАТКОТО НА РОМАН Ал Пачино и 54 години помладата Нур Алфала кои имаат тригодишен син поттикнаа нови прашања за нивниот сегашен однос
Филмската легенда Ал Пачино и неговата поранешна партнерка Нур Алфала позираа заедно на отворањето на музејот на Џорџ Лукас, а нејзината објава на социјалните мрежи повторно ги поттикна прашањата за нивниот сегашен однос.
Ал Пачино (86) и неговата поранешна партнерка Нур Алфала (32) повторно се појавија заедно во јавност, а фотографијата што таа ја објави предизвика внимание поради кратката, но значајна порака што ја напиша покрај неа.
На фотографијата, направена на свеченото отворање на „Lucas Museum of Narrative Art“ во Лос Анџелес, 86-годишниот актер стои покрај 32-годишната филмска продуцентка, а таа ја потпишала објавата со „Roman’s Mom & Dad“ – „Мама и тато на Роман“, додавајќи црвено срце.
View this post on Instagram
Пачино и Алфала имаат син Роман, кој е роден во јуни 2023 година, кога актерот имаше 83 години. Роман е четвртото дете на Пачино. Иако двајцата претходно беа во љубовна врска, во октомври 2024 година Пачино за „People“ кажа дека повеќе не се заедно, туку дека ги поврзува пријателство и заедничкото родителство.
Нивниот однос и по раскинувањето остана близок. Во последните години неколкупати беа фотографирани заедно, а во мај годинава присуствуваа и на ревијата на „Диор“ во Лос Анџелес. Тогаш нивното заедничко појавување повторно предизвика шпекулации дека можеби се смириле, но ниту Пачино ниту Алфала не потврдија дека повторно се во љубовна врска.
Алфала претходно зборуваше за нивниот однос и откри дека за време на пандемијата почнале да поминуваат многу време заедно, гледајќи филмови и играјќи шах. Таа тогаш раскажа дека Пачино ѝ ги покажувал своите филмови, меѓу кои и „Лице со лузна“ и „Боби Дирфилд“, а нивното пријателство постепено прераснало во љубовна врска.
Нивната најнова заедничка фотографија доаѓа во рамките на големото холивудско отворање на музејот на Џорџ Лукас.