📽️ МАРК ХАМИЛ ПОЗИРАШЕ ПОКРАЈ ЛУК СКАЈВОКЕР „Мислам дека е повисок од мене“

Легендарниот актер позираше покрај фигурата на Лук Скајвокер, ликот што го одигра во култната филмска сага „Војна на ѕвездите“, на отворањето на музејот на Џорџ Лукас во Лос Анџелес.

4

По речиси половина век откако за првпат го одигра Лук Скајвокер, Марк Хамил повторно се најде лице в лице со својот најпознат лик. Актерот беше меѓу гостите на свеченото отворање на „Lucas Museum of Narrative Art“ во Лос Анџелес, каде што позираше покрај фигура на Лук Скајвокер во природна големина.

Хамил на свеченоста пристигна со сопругата Марилу Јорк, а фотографијата покрај фигурата на Лук веднаш привлече внимание. Сцената изгледа речиси надреално – актерот кој со децении е неразделно поврзан со ликот од „Војна на ѕвездите“ сега застана покрај неговата тридимензионална музејска верзија.






Музејот го основаа Џорџ Лукас и неговата сопруга Мелоди Хобсон, а неговата колекција опфаќа повеќе од 100.000 квадратни метри изложбен простор. Идејата е на едно место да се прикаже визуелното раскажување приказни – од старите слики и илустрации до стрипови, мурали и филмска уметност.

Посебно место имаат предметите од архивата на Лукас, во која се чуваат костими, реквизити, цртежи и други материјали од неговите филмови. Колекцијата опфаќа материјали од првите шест филмови „Војна на ѕвездите“, но и од првите четири филмови „Индијана Џонс“, како и од други продукции на „Лукасфилм“.

Свеченото отворање на 19 септември собра впечатлив број холивудски имиња. Покрај Хамил, на настанот се појавија и Харисон Форд, Опра Винфри, Роберт де Ниро, Леонардо ди Каприо, Лора Дерн, Грета Гервиг, Стивен Спилберг, Кристофер Нолан, Гиљермо дел Торо, Ким Кардашијан и други.

На отворањето бил приреден и голем спектакл со дронови, а вечерта завршила со настап на „Black Eyed Peas“. Музејот, кој се наоѓа во „Експозишн парк“, официјално за јавноста ги отвора вратите на 22 септември.

 

Поврзани содржини