ЕВРОПА ИМА НЕДОСТИГ ОД 510.000 БАРЕЛИ КЕРОЗИН ДНЕВНО Се зголемува увозот од Јужна Кореја, Нигерија и од САД
Увозот на гориво за авиони во Европа од Јужна Кореја достигна околу 129.000 барели дневно во септември, што е највисоко ниво од октомври 2022 година, според податоците од аналитичката компанија Кплер.
Европа се соочува со дефицит на гориво за авиони во четвртиот квартал од 2026 година, што ја принудува да се сврти кон далечни добавувачи како што е Јужна Кореја и Нигерија, покажува анализата заснована на податоци за испорака.
Консалтинг-фирмата „Енерџи аспектс“ предвидува дека во четвртиот квартал од 2026 година, Европа ќе има дефицит на керозин од 510.000 барели дневно, додека во исто време се очекува вишок од 419.000 барели во Азиско-пацифичкиот регион и вишок од 18.000 барели дневно во Соединетите Американски Држави.
Пред почетокот на војната на Блискиот Исток, Европа покриваше околу половина од увозот на гориво за авиони од овој регион, а сега е принудена да го зголеми увозот од Нигерија, САД, Канада, а неодамна и од Јужна Кореја поради прекини во синџирите на снабдување.
Увозот на гориво за авиони во Европа од Јужна Кореја достигна околу 129.000 барели дневно во септември, што е највисоко ниво од октомври 2022 година, според податоците од аналитичката компанија Кплер.
Јужна Кореја произведе речиси 13,89 милиони барели гориво за авиони во јули, најмногу во последните седум години, додека извозот достигна највисоко ниво во последните три и пол години.
Залихите на гориво за авиони во главниот европски центар за преработка и складирање Амстердам-Ротердам-Антверпен истовремено паднаа на најниско ниво во последните седум години, што дополнително ја влошува ситуацијата на пазарот.