МАЃАР Е ПРОТИВ ЗАБРЗАНО ПРИСТАПУВАЊЕ НА КОЈА БИЛО ЧЛЕНКА НА ЕУ Побарал од Кошта да се укине дневната казна од милион евра за Унгарија Му порачал на Кошта дека

Унгарија ќе може да го одобри следниот седумгодишен буџет на ЕУ само ако постигнатиот компромис е во согласност со интересите на унгарските граѓани и бизниси, му порачал унгарскиот премиер Петер Маѓар на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

1

Унгарија не поддржува забрзан процес на пристапување за ниту една земја-кандидатка во Европската Унија, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Маѓар рече дека за време на разговорот го повторил јасниот став на Будимпешта за понатамошно проширување на Унијата.






„Потврдив дека Унгарија не поддржува забрзан процес на пристапување за ниту една земја-кандидатка“, напиша премиерот во изјава по средбата.

Тој, исто така, му рекол на Кошта дека Унгарија ќе може да го одобри следниот седумгодишен буџет на ЕУ само ако постигнатиот компромис е во согласност со интересите на унгарските граѓани и бизниси.

„Исто така, истакнав дека очекуваме брзо решение во врска со суспендирањето на дневната казна од еден милион евра, изречена за време на претходната унгарска влада. На претседателот му нагласив дека, особено во светло на настаните во Сеута ова лето, Унгарија ќе продолжи да ја одржува правната рамка и физичката гранична бариера неопходни за спречување на илегалната миграција. Унгарија ќе продолжи да ги штити надворешните граници на Европската Унија. Очекуваме овие напори да бидат признаени и на европско ниво“, објави Маѓар по средбата.

Пораката доаѓа пред преговорите меѓу членките на ЕУ за финансиските приоритети на Унијата и за распределбата на средствата во новата повеќегодишна финансиска рамка.

Поврзани содржини