ЌЕРКАТА НА ОРБАН ВО МИЛИОНСКИ СКАНДАЛ СО ИНФЛУЕНСЕРИ И ГЕН З? Исплива сметката за проектот од 2024 година

Десетици светски инфлуенсери престојувале во луксузни хотели и оделе на приватни забави за да ја рекламираат Будимпешта пред Ген З. Новите документи покажуваат дека сметката била повеќе од двојно повисока од претходно објавената.

0

Ќерката на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан е поврзана со скандал тежок околу 8 милиони евра за промоција на Будимпешта пред младата генерација, популарно наречена ген З. Рахел Орбан учествувала во осмислувањето кампања со 51 странски инфлуенсер, луксузни хотели и приватни забави платени со јавни пари, пишува Индекс повикувајќи се на унгарскиот портал 444.

Кампањата „Патување на инфлуенсери во Будимпешта“ се одржaло од 22 до 24 мај 2024 година. Целта била Будимпешта да ѝ продаде на Генерацијата З преку содржини на социјалните мрежи.






Документите ги доби унгарскиот портал 444.hu од Унгарскиот туристички одбор преку барање за пристап до информации. Тие откриваат и значително повисока сметка од онаа што претходно беше позната.

Агенцијата претходно објави трошок од околу 1,5 милијарди форинти. Новите документи покажуваат вкупна нето-цена од 3,18 милијарди форинти, околу осум милиони евра.

Само за медиумски простор на каналите на инфлуенсерите биле издвоени 1,48 милијарди форинти. Тоа е речиси колку целата сума што претходно беше објавена.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Palermo (@oliviapalermo)

Ја освојувале Ген З со луксуз

Организаторите поканиле 51 странски инфлуенсер во Будимпешта. Гостите пристигнале од САД, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија, Бразил, Австралија и од други земји.

Меѓу нив биле јутјуберот Дејвид Добрик, боксерот и ријалити-ѕвезда Томи Фјури и модната инфлуенсерка Оливија Палермо. Поканети биле и Девон Родригез и Хана Стокинг.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tommy TNT Fury (@tommyfury)

Програмата вклучувала луксузни хотели, ексклузивни ресторани и приватни забави. Една од нив се одржала во познатата Рибарска тврдина.

Една од инфлуенсерките, Кефаја Абудаје, јавно ѝ се заблагодарила токму на Рахел Орбан.

„Рахел, те сакаме, искрено, и ти благодариме за сè. Прекрасна си, уживаме во секој момент тука. Се колнам дека навистина го мислам тоа, и не само јас, туку сите девојки“, рекла таа во видео.

Хотел поврзан со семејството?

Дел од гостите престојувале во луксузниот хотел „Доротеа“. Според материјалот, хотелот е поврзан со деловните интереси на Иштван Тиборч, сопругот на Рахел и зет на Виктор Орбан.

Унгарската туристичка агенција ангажирала и надворешни компании за кампањата. Изборот на инфлуенсерите и комуникацијата со нив ги воделе „Њу ленд медија“ и „Медиа дајнамикс“.

Според „444.hu“, компаниите на претприемачот Ѓула Балаши се значајни добитници на државни договори за маркетинг и за комуникации.

Проектот предизвика критики уште во 2024 година поради трошоците и улогата на Рахел Орбан. Прашања отвори и користењето објекти поврзани со деловни кругови блиски до власта.

Унгарската влада тогаш ја бранеше кампањата. Нејзиниот став беше дека промоцијата на туризмот е национален интерес и дека секторот обезбедува егзистенција за стотици илјади семејства.

 

Поврзани содржини