ЛАВОВСКО РЕМИ СО ВЕЛС Македонија испушти шанса за победа
Пред самиот крај, во 96. минута, Велшаните се спасија од пораз во Скопје.
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра еден тежок меч против Велс, на кој прими гол во последна минута и одигра реми (1-1) во рамки на квалификациите за СП 2026. По многу тактичка битка и борба на теренот, избраниците на Благоја Милевски дојдоа до предност во 91. минута преку Бојан Миовски, но пред самиот крај, во 96. минута, Велшаните се спасија од пораз во Скопје и дојдоа до бод.
Ова е прво реми во циклусот за Светското првенство 2026 за двете репрезентации, по стартните победи.
Вечерашниот меч на Македонија против Велс накратко беше прекина во 59-тата минута во спомен на жртвите од Кочани по што следеше аплауз од публиката и играчите.
Претходно, целата арена „Тоше Проески“ во еден глас ја пееше македонската химна, а веднаш по интонирањето на националните химни, пред првиот судиски свиреж имаше и минута молк во чест на загинатите.