КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАРОТ НА КИЧЕВО Две лица нападнати со нож пред кафеана
По физички напад со нож во Кичево, полицијата го приведе 24-годишниот осомничен, а случајот се расчистува.
Во раните утрински часови во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода 24-годишниот Г.Р. од селото Преглово, откако претходно бил пријавен за напад со остар предмет врз две лица.
Инцидентот се случил пред угостителски објект на улицата Рудничка во Кичево, каде што, според првичните информации, осомничениот со нож ги нападнал 20-годишниот Н.Ш. и Д.Ш., двајцата од Кичево, по што го напуштил местото.
Од полицијата информираат дека веднаш по пријавата биле преземени мерки за негово пронаоѓање и приведување, по што тој бил лишен од слобода.
Повредените лица биле згрижени, а за нивната состојба засега нема официјални детали.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.