Корона вирусот може да преживее на мобилниот и до 9 дена: Еве како да го исчистите

2,878

Пред да почнете да разгледувате што има ново на социјалните мрежи, исчистете го својот мобилен телефон или таблет, бидејќи коронавирусот може да преживее на овие уреди и до 9 дена.

Според едно германско истражување, коронавирусот може да преживее на метал, стакло и пластика (сите материјали од кои се направени мобилните), и до 9 дена, пренесува угледниот „Њујорк пост“.






Затоа стручњаците советуваат телефоните да ги чистите секој пат кога дојдете дома од надвор, а еве и како да го направите тоа:

Земете течност што содржи 0,1 отсто натриум хипоклорит или 62 до 71 отсто етанол (ова е главна состојка на повеќето гелови за дезинфекција). Немојате течноста да ја сипете директно на екранот на мобилниот телефон, туку користете мека крпа која ќе ја натопите во течноста, па со нежно бришете го екранот околу една минута.

 

 

Поврзани содржини