КОЈ ЛИЧИ НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА? Нејзиниот брат објави фотографија од детство

384

Братот на принцезата Дијана, Чарлс Спенсер, кој ги напиша мемоарите A Very Private School (завршени пред неколку недели) во кои откри многу шокантни детали за неговиот живот, со децении го чува споменот на својата сестра.

Лејди Ди загина на 31 август 1997 година во Париз, а нејзината смрт сè уште предизвикува прашања. Чарлс Спенсер бил многу близок со својата сестра, а таа љубов ја негува и денес.






Тој вчера на својот Инстаграмо бјави слика на која позира со својата сакана сестра, која во тоа време имала седум години.

„Мојот прв ден на училиште во септември 1968 година. Татко ми ја направи оваа фотографија од мене и сестра ми Дијана пред да не’ однесе во Силфилд, навистина одлично основно училиште во Кингс Лин, Норфолк. Директорката беше госпоѓица Џин Лоу, топла и грижлива дама, која ги сакаше своите ученици“, напиша Чарлс Спенсер.

Коментарите под фотографијата се:

„Принцезата Шарлот изгледа како Дијана на оваа фотографија“, „Изгледате како принцот Џорџ и принцезата Шарлот на оваа слика, тие дефинитивно ги имаат гените Спенсер“.

Поврзани содржини