КУЌАТА МИ ИЗГЛЕДА КАКО ПОГРЕБАЛНО, СЕ ШЕГУВАЛА ПРИНЦЕЗАТА КРАТКО ПРЕД СМРТТА Детали за Дијана од новите мемоари на Чарлс Спенсер

Чарлс Спенсер во новите мемоари открива детали за последните месеци од животот на принцезата Дијана, меѓу кои и необичната шега за изгледот на нејзината куќа полна со цвеќе, два месеци пред трагичната смрт.

0

Принцезата Дијана не можела да знае колку морбидно ќе звучат нејзините зборови само неколку недели подоцна. Во новите мемоари „Swan Song: Diana, My Sister“, нејзиниот брат Чарлс Спенсер открива и некои детали од последните месеци од нејзиниот живот.

Дијана го прославила својот 36. и последен роденден на 1 јули 1997 година. По тој повод добила огромна количина цвеќе за својот роденден.






– Имав толку среќа! Куќата ми е преполна со прекрасно цвеќе, па изгледа како погребален дом – му рекла Дијана, според неговото сеќавање.

Во тој момент нејзините зборови биле само духовита забелешка за големиот број букети со кои бил исполнет нејзиниот дом. Никој не можел да знае дека само два месеца подоцна Спенсер навистина ќе пишува нешто поврзано со нејзиниот погреб.

– А сега, само два месеци подоцна, се најдов во ситуација да се обидувам да напишам нешто соодветно за нејзиниот погреб – наведува Спенсер во мемоарите, давајќи ѝ на таа случајна реченица сосема поинакво значење од денешна перспектива.

Спенсер ја опишува нивната последна средба во лондонската галерија „Тејт“ како кратка и сосема вообичаена.

Ѝ го честитал роденденот, ја прашал дали убаво го поминала денот, проверил дали го добила подарокот што ѝ го испратил и ја прегрнал по што секој се вратил на својата маса.

Дијана загина на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз.

По смртта на Дијана, нејзината реченица за цвеќето доби уште поморбидно значење. Од 1 до 8 септември 1997 година, пред палатите Кенсингтон, Сент Џејмс и Бакингемската палата во Лондон биле оставени меѓу 10.000 и 15.000 тони цвеќе во нејзина чест, што „Гинисовата книга на рекорди“ го наведува како најголем цветен израз на почит. Проценките за околу пет милиони букети не можат да се потврдат, но палатата Кенсингтон била буквално затрупана со цвеќе, додека повеќе од еден милион луѓе излегле на улиците на Лондон во деновите пред погребот.

 

Поврзани содржини